2 Corinthians 2
1 И така, решив во себеси да не доаѓам при вас со жалост,
2 зашто, ако јас ве нажалам, тогаш кој ќе ме зарадува, ако не оној, кого сум го ожалостил?
3 Тоа исто и ви го напишав, та, кога ќе дојдам, да не ме огорчат оние, кои треба да ме зарадуваат; бидејќи сум уверен во сите вас дека мојата радост е радост и за сите вас.
4 Оти од многу грижи и од тага на срцето ви напишав со многу солзи, не за да ве огорчам, туку за да ја познаете преголемата љубов, што ја имам кон вас.
5 Ако ли, пак, некој ме ожалости, тоа не ме ожалостил мене, а донекаде, да не претерам, сите вас.
6 Оти доволна казна е ова за таков од мнозинството;
7 така што за вас е подобро да му простите и да го утешите, за да не пропадне од преголема жалост;
8 затоа ве молам кон него да покажете љубов.
9 Зашто со таква цел и ви напишав, со обид да узнаам дали сте во сѐ послушни.
10 А кому вие ќе му простите за нешто, нему ќе му опростам и јас; оти јас, ако сум простил некому нешто, сум му простил поради вас во името на Исуса Христа,
11 за да не земе сатаната предимство над нас: бидејќи неговите замисли ни се извесни.
12 Кога дојдов во Троада да го проповедам Евангелието Христово, и вратата ми беше отворена во името Господово,
13 духот мој немаше спокој, бидејќи таму не го најдов мојот брат Тит; и откако се простив од нив, заминав за Македонија.
14 Но да Му благодариме на Бога, Кој секогаш ни дава победа во Исуса Христа, и преку нас го шири мирисот насекаде, по кој Го познаваме самиот Него.
15 Зашто ние сме Христов мирис пред Бога за оние, кои се спасуваат, и за оние, кои гинат;
16 на едните сме смртоносен мирис за смрт, а на другите животворен мирис за живот. И за ова кој е способен?
17 Оти ние не го изопачуваме словото Божјо, како мнозина, а го проповедаме искрено, како од Бога, пред Бога, во Христа.